Forum Islam
Прв и последен поздрав 64gjtc
Forum Islam
Прв и последен поздрав 64gjtc
Jeni të regjistruar? Regjistrim






You are not connected. Please login or register

Прв и последен поздрав

Shko poshtë  Mesazh [Faqja 1 e 1]

Ebu hatib

Ebu hatib
Admin
Admin

Почитувани браќа и сестри, селам алејкум

За да не дојдо до неправедното обвинување или помислата на тоа, ред е на соговорникот му дадеш валидни информации за себе и за него за да не дојде до заблуда.


Со години вашиов форум го следам со посебно внимание и како и секој исламски форум па и во вашиот форум, во последново време, можат да се извлечат забелешки околу вашето симболичното работење (тоа повеќе се однесува на подфорумите) и верувам дека во тој контекст и со таквата динамика на работењто односно информирањето на јавноста (преку еминентни личности кои се спремни во секое време да го информираат исламскиоот и неисламскиот свет, со своето знаење за Исламот и пошироко) треба по сериозно да се пристапи до пошироката јавност. Значи, со ова сакам да кажам и верувам дека муслиманите не треба да се плашат и треба да ја одстранат сомнежта дека нема индикации за тоа - со нивното приклучување кај вас дека не го одбрале правилниот пат!

Тие забелешки се: тоа што правовремено и објективно не се обавестува јавноста односно не се одговара соодветно или пак воопшто не им одговарате на членовите за прашањата кои што ги засегаат. Дистанциранјето и претендноста (повеќе тоа алудира на администрацијата - во подфорумите), останува за мене нејасна и како енигма! Мое мислење за ова, е тоа дека: вие се покажавате и се преставувате како емоционални лабилни, и сметам дека треба да сте по мотивирани и да не апстинирате, така што, членовите ќе можат слободно да се исразат и да добијат одговор, без пардон би рекол, во амбиентот на гостопримството, и во една подобра атмосфера (со осмех во лицето). Малку односно како да нема кометари (постови) врз темите, и се ми се чини дека тоа како да делува односно некако како да тежи кон тоа за да се даде повеќе внимание на фанатизмот?! Фанатизмот во Исламот во смисол на зборот, тој не егзистира и не треба да постоји. Доволно ни е нам да го подржиме и негуваме нашиот Шериатски законик во котинуитет со регулативите од неговите норми и стандарди - и со нејзиното извршување; ќе добиеме перманентен одговор и на ова парадигма.

Смешно можеби, бев човек со него од вчера и сакам да бидам човек со овој денеска, поинаков, можеби спротивен, но тоа не ме загрижува, човекот е промена, а злото е ако не послушаме совет кога ќе се појави.

Во која област и да се работи за фанатизмот тоа е негативен термин која што предизвикува и се стреми само кон лошите човечки манири во поглед на намерите односно злото.

Можеби го научив и лошото, но не заради тоа да го правам лошото, туку за да се одбранаам од неа, и кој ќе го разликува лошото од доброто, тој паѓа во неа.


Значи, фанатизмот (тие кој што така го интерпретираат) нее како обично се мисли, туку тоа е дека, правиот Ислам со следење на Куран, Суннет и Праксата на Мухамед с.а.в.с, никако не може и не смее да се нарече дека е фанатички настроен.

Доколку е фанатизмот е емоционално обележеје на занесеноста, заслепеноста, интезивно посветување на некои вредности, со спремноста на нејзината безусловна одбрана или на ширењето на тие вредности или идејата како на личности групи или институцији - фанатизмот скоро секогаш го уклучува спремноста и на личните жртви - но во извесните екстремни услови, спремноста на поединачно и на масовното жртвување на другите, посебно кога е некоја идеологија, воденје на војни, верски и идеолошки екстремизам.
Со фанатизмот во Исламот, далеко предначат храиџиите, ахмедиите (Мирза Гулам Ахмед)... (но не занчи дека ги нема и кај христијаните и евреите), со погрешното толкување и итерпретација на Куран и Суннет, потоа со нивната нетолерантност, крути ставови и нивните погледи во сите сегменти во општественото живеење со духот на Исламот.

За да се даде дефиниција на фанатизмот, освен тоа што го кажав, има уште многу да се каже. Но овде да кажам уште за емпиризмот за да потоа нешто биде по јасно. Емпиризмот значи кога ништо не постоји во разумот која што пред тоа не било во сетилото. Во методологијата е правец која прибавува, обработува и ги проценува емпириските факти и ги генерализира сознанијата преку индикуктивниот заклучок.
Во психологијата, според ова сваќање, човечкото мислење и однесувањето скоро е во потполност со резултатот на личното искуство, додека наследството има сосем неважна улога.

Филозофијата е она што вие не го знаете. Науката е тоа што вие го знаете.

И јас се обидував околу ови горе наведени *реакции во моите теми да кажам нешто (и да не бидам фанатик), но колку успеав и успевам во тоа Аллах најдобро знае. Се обидував преку моите теми да ги кажам моите мисленја и гледишта за Исламот, значи, и преку мојата свест и перцепција за да добијам одговор на многу, за мене важни прашања, кои што ме засегаат. Како поет морам да признам дека, не само што сум далеко од тоа за да кажам дека сум добар, туку јас со тоа само се обидував во рамките на моето знаење да го кажам тоа што ме засега - надевајки се дека, со тоа ќе најдам соодветен одговор за тоа. Тоа тука кај вас во под форумов (и нешто надвор од неа) го нема, иако очекував дека тоа и нешто повеќе од тоа ќе го најдам со мојата застапеност во вашиот етер!

Истражувањето е за да се види што виделе сите други, и за да се помисли дека никој тоа не го помислил.

Бидејки немате информацији за мене, кратко да кажам дека, јас сум од Скопје, но привремено живеам и работам во Белгија. Образованоста се темели на тоа што, најповеќето и во добар дел од мојов живот, освен за Исламот, ми помина читајки ги сите области/жанрови од секојдневите каде што живееме и ги доживуваме. Инаку мојата старост ги помина тинајџерските и младите години, па така, можам да речам дека тие остана зад мене но со носталгија, ако можам така да кажам (бидејки во Исламот овој термин се игнорира - (со право) и место тоа се користи перфекат’от !) и имагинација за иднината на создаванје и стекнување нови знаење во широкиот хоризонт.
Но сепак, тоа не ми дава за право, и далеку е од тоа за да се каже дека ги исполнува критериумите за да се каже дека е доволно за да се упуштам во нешто, за кое треба поголемо знаење и познавање!

Од нашето говорно подрачје ги познавам (говорам и пишувам) подеднакво добро, јазиците: Албанскиот, Македонскиот, Турскиоту и Босанскиот, додека од странските јазици ги говорам и пишувам јазиците: Геманскиот, Францускиот и Англискиот.

А сега, со мојата кратка биографија односно информација, ќе пуштам деновиве една тема, за тоа, како гледав и гледам на тоа што зад себе го оставив и каква поука извлеков од сето тоа - во сиот мој живот. Но, таа ќе биде напишана на јазикот кое што во моментов најповекќе го користам, - значи, безсмислено е и понатака да останам (во сенка) во подфорумот, поради дискрепанцијата, и затоа ќе бидам самоволно аброгиран од таа позициа!!!

Незадоволството е како звер, немоќна кога ќе се роди, страшна кога ќе појача.

О верници, зошто зборувате она што не го работите ? Е, само колку е гнасно кај Аллах кога го зборувате она што не го работите? (Ес-Сафф 2-3)

https://musliman.albanianforum.net

Mbrapsht në krye  Mesazh [Faqja 1 e 1]

Drejtat e ktij Forumit:
Ju nuk mund ti përgjigjeni temave të këtij forumi

 
  • Free forum | ©phpBB | Forum mbështetës | Report an abuse | Latest discussions